Ракомет Спорт

Алкалоид ги доби противниците во Европската лига

Македонскиот вицепрвак Алкалоид во овој момент е единдтвениот наш претставник кој е сигурен учесник во Европската лига на ЕХФ, а ракометарите на Вардар за место во второто по ранг натпреварување ќе се борат преку баражот.

По денешната жрепка Алкалоид во фазата по групи од Европската лига ќе се соочи со данскиот Силкеборг, Ла Риоха од Шпанија и првакот на Србија, Војводина.

Додека доколку Вардар успее да го елиминира Рајн Некар Левен ќе биде дел од А конкуренцијата каде ќе настапат уште Нант, Кристијанштад и Бенфика.

Натпреварите од оваа фаза се играат во периодот од 17 октомври до петти декември, а место во првото елиминациско коло обезбедуваат освојувачите на првите две позиции.

Европска лига на ЕХФ / групи

Група А: Нант, Кртистијанштад, Бенфика, Вардар/РНЛ

Група Б: Жабже, АЕК, Криенс Луцерн, Истат/Хановер

Група Ц: Куенка, Горење, Савехов, Агуаш Санташ/Винтертур

Група Д: Нексе, Бистрица, Скјерн, Тримо/Брага

Група Е: Кадетен, Елверум, Флензбург, Ловќен

Група Ф: Силкеборг, Алкалоид, Ла Риоха, Војводина

Група Г: Фуксе Берлин, Динамо Букурешт, Шамбери, Извиѓач

Група Х: Спортинг, Татабања, Глогов Хробри, Констанца/Гранољерс

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Ивановски поразен во финалето на М25 турнирот во Загреб

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе