Вести Економија

По реакциите во јавноста, Власта и опозицијата во трка да достават амандмани за ДДВ-то за пелети да остане на 5 отсто

Законот за ДДВ уште не стигнат пред пратениците веќе доби амандмани за негово подобрување од страна на законодавците и тоа не само опозицијата, туку и од власта. Откако во понеделникот ВМРО-ДПМНЕ најави амандмани за предлогот на владата данокот за додадена вредност за пелетите да се зголеми од пет на 18 проценти, денеска ист таков амандман достави и владеачката СДСМ.

Поточно со таквиот амандман се предлага стапката на ДДВ за пелети за домачинства да остане на пет отсто и да не се зголемува. Сметаме дека греењето на пелети има позитивно влијание на намалувањето на бројот на домаќинства штос е греат на огревно дрво, рече Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Но предлог-измените на законот за ДДВ не е единствениот за кој се подготвуваат амандмани. Бизнис заедницата која остро се спротивстави на предлог-законот за солидарниот данок кој ги оданочува компаниите кои во минатата година направиле профит поголем од 10 милиони евра приход, најави дека ќе ги искористи сите средства да го спречи тоа. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска прецизно кажа кои мерки ќе ги преземат во таа насока.

Ќе ги искористиме сите средства, значи во парламентот, и кај претседателот на државата, и кај Уставниот суд, информираше Азески.

Од власта пак денеска стигна одговор на најавите на Стопанската комора за преземање мерки да се спречи носењето на законот.

Ние како влада немаме како да отстапиме зошто тој е веќе испратен во законодавниот дом, рече Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

За законот за солидарност, но и другите два закони од пакетот на даночни реформи кои ги изготви владата, Азески денеска разговараше со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого како што рече договориле активности коишто ќе уследат во наредниот период.

Првата активност која за тоа ја најави Мицкоски е дека опозицијата в понеделник на Комисијата за европски прашања да поднесе барање за јавна расправа за сите нив.

И очекуваме да од страна на мнозинството во парламентот ќе биде прифатена оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, да во рамките на следната недела имаме јавна расправа, рече Мицкоски.

Со оглед дека три закони во Собранието, за ДДВ, за добивка и за солидарност, од владата во Собранието се испратени со европско знаменце, за нив процедурата не предвидува јавна расправа туку најмногу три дена дебата во Комисијата, освен ако пратениците не изгласаат поинаку.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе