Вести Економија Најважни

ССМ и Владата ставија потпис на новиот Општ Колективен договор, преговорите траеја три години

По три години преговори ССМ и Владата денеска ставија потпис на дологочекуваниот договор за нов Општ Колективен договор за вработените во јавниот сектор.

Десет отсто повисока плата почнувајќи од септемвриската, регрес за годишен одмор во износ од десет илјади денари за оваа и најмалку третина од просечната плата во наредната 2024 година, и нова методолгија за пресметка на платите од март 2025 година каде коефициентот на сложеност ќе се множи со износот на просечната плата во државата. Ова се трите клучни точки за кои двете страни успеаја да си подадата рака.

  • „Потпишувањето на овој Општ Колективен договор за јавниот сектор значи дека вработените со платата од септември добиваат дополнително зголемување од 10 проценти што беше наша главна заложба како претставници на работниците за што добивме овластувања и одобрувања. Платите кои се зголемија од јануари до септември се зголемија дополнително,“ изјави Слободан Трендафилов претседател на ССМ.

За министерката труд и социјална политика, Јована Тренчевска е клучно што со новиот Општ Колективен договор се гради сигурност за вработените во јавниот сектор.

  • „Денес ја официјализиравме одлуката за пораст на платите на вработените во јавниот сектор туку и методологијата која обезбеудва постојан раст на платите. Општиот колективен договор уредува и други прашања кои се во насока на унапредување и заштита на работничките права и вреднување на трудот на работникот“, изјави Јована Тренчовска, министер за труд и социјална политика

Вицепремиерот Фатмир Битиќи истакна дека исклучително важно е што е поставен систем отпорен на политички влијанија, а со повисоки плати и методологија вработените во јавниот сектор ќе имаат јасна рамка околу нивните примања, а граѓаните поквалитетни услуги.

  • „Исцртуваме јасна линија на разграничување меѓу политиката и платите на оние кои професионално треба да им служат на граѓаните. Јавниот сектор го исполнуваме со атмосфера на сигурност, стабилност и предвиливост во која вработените ќе се чувствуваат ценети, почитувани, мотивирани и фер компезирани за работните обврски и штитење на јавниот интерес“, Фатмир Битиќи, вицпремиер за економски прашања.

Исплатата на К-15 и десет отсто повисоки плтаи ќе тежат 3 милијарди денари однонсо речиси 49 милиони евра а ќе се обезбедат со ребаланс на Буџетот во септември.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе