Вести Економија Македонија

47 фирми добија забрана за работа поради непочитување на мерките на Владата за високите температури

47 фирми, во најголем дел градежни, добиле Решенија за забрана за работа во периодот од 11 до 17 часот, затоа што  и покрај препораките на Владата работеле во тој период, непочитувајќи ги мерките. Во периодот од 13 до 16 јули направени Државниот инспекторат за труд извршил 272 инспекциски надзори, 195 од нив се   вонредни и 77 контролни.

При надзорите се извршени вкупно 99 инспекциски мерки и тоа издадени се 52 решенија со наредба со цел почитување на препораките за превенција и заштита на работниците за време на топлотен бран. И за констатациите во периодот од 11 до 17 часот кај работодавачите кои извршувале работни задачи издадени се вкупно 47 решенија за забрана за вршење активности во тој период од 11 до 17.  За сите решенија со забрана од страна на инспекторите по одреден период извршена е контрола за истите објекти дали се извршуваат работни активности и е констатирано дека не се извршуваат работни активности.

Работниците пак со став дека и покрај препораките малкумина се оние кои ги почитуваат и кога човек нема други средства за егзистенција, нема избор да реагира.

„Никакви мерки не се почитуваат. Еве јас работам на зграда. Никакви мерки не се почитуваат значи топлотен бран и слично не се почитува. На некои им се кажува одете на објект и работете. Јас сум од Берово и не се почитуваат мерките“.

Дел од граѓаните велат дека ги почитуваат мерките, сепак има и ситуации како здравствени прегледи кои се неодложни.

„Три часа треба да чекам преглед еден каде да одам ? На кое место да седнам, мора некаде под сенка да застанеш“, вели еден граѓанин.

„Колку ни дозволува времето, мора да ги вршиме секојдневните работи“, додава друг граѓанин.

Колку се функционални инстутуциите имајќи ги предвид препораките ? Па тешко се нешто на одмор е колегата тешко тешко оди …

Земјава и во наредните десет дена ќе биде во портокалова фаза, поради високите температири од над 40 степени и остануваат да важат препораките за најранливите категории .

 

Нина Стефанова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе