Uncategorized Македонија

Потврдени двајцата нови членови на Судскиот совет – од Комисијата за спроведување на изборите порачуваат да се размисли за цензус во иднина

Комисијата за спроведување на изборите ги потврди резултатите. Судскиот совет и официјално добива два нови члена во имињата на Наќе Георгиев и Антоанета Димовска. Ниту еден од кандидатите нема поднесено приговор до Комисијата и роковите за тоа веќе се истечени. Во Врховниот суд се запишани вкупно 16 судии, а изброени се 7 неважечки ливчиња, додека 3 неупотребени. Судијата Наќе Георгиев е избран со 6 гласа и како единствен кандидат. За апелационото подрачје – Скопје и управните судови се запишани вкупно 220 судии со право на глас, а избрана е Антоанета Димовска со 110 гласови, пред Лазар Нанев кој го бирале 49 судии. Во јавноста се отворија дилемите за легитимитетот на избраниот член Наќе Георгиев кој и со еден глас можел да стане член на Судскиот совет. Дали треба да се размисли на промена на правилата во иднина, одговара Субхи Јакупи во својство на претседател на Комисијата за спроведување на изборите.

Судија Наќе Георгиев кој беше единствен кандидат од Врховниот суд седнува во Судски совет на местото на неговата колешка Мирјана Радевска – Стефкова, која си даде оставка поради сериозни разидувања со работата на советот. Неговата кандидатура се совпадна со затворањето на дисиплинската постапка што Судскиот совет ја отвори уште лани. Истата се однесува за перидот кога тој беше претседател на штипска Апелација. Обвинителството води предистражна постапка откако судскиот совет кај нив ја препратил анонимната претставка поврзана со коруптивни дејствија. Судскиот совет во изминатиот период се соочи со низа критики од експертската јавност. Невладини организации повикуваа на оставки од членовите, поради силните критики за незаконско работење. Амбасадори го прогласија за нелегитимно ова тело, по најавите за оценска мисија од меѓународниот фактор, претседателот на Комисијата за спроведување на изборите, Субхи Јакупи, порача дека не сака да коментира. Прашањата ги препрати на адреса на Судскиот совет.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе