Вести Македонија

Истражување: Како трагите на белиот Ролс ројс прават нови траги во имотот и фирмите во шемата на стеблото на Али Ахмети

По трагите на белиот Ролс Ројс- Фантом. Менува адреси меѓу фирми чии сопственици се роднини на Али Ахмети или добитници на тендери од државата.

Телма го продолжува истражувањето за семејното бизнис стебло поврзано со лидерот на Али Ахмети. Преку луксузен автомобил, откриваме дека сватот на Ахмети сега има и бензинска пумпа на влезот во Кичево. Веднаш по првите истражувања откако Тхор на Дрин Ахмети почна да ја купува Соравија во центарот на Скопје, луксусзниот автомобил се сели во Тетово на адреса на фирма која добива милионски тендери за пченица за стокови резерви.

На снимката на ФБ профилот на бензинската пумпа на влезот во Кичево, Повер петрол, во модерна реклама, главна улога има белиот Ролс ројс Фантом, вреден над 400 илјади долари, за кој КОД на Телма во неделата објави дека припаѓал на еден од членовите на семејната бизнис на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Снимката е објавена оваа година на 27-ми март, но покажува нешто друго.

Дека белиот ролс ројс со кичевски регистрации е на бензинска пумпа која во тој момент не е во сопственост на некој од големата шема. Бензинската пумпа Повер петрол сега е во сопственост на компанијата Шел оил, а сопственици се во сватовска врска со Али Ахмети, а лани имале и добиена трансакции од фирмата Тхор на Дрин Ахмети, која што ја купува Соравија.

Според податоците на Централниот регистар, на 24-ти април и на 27-ти април оваа година, бензинската пумпа ја сменила сопственичката и управителската структура. Тоа е еден месец откако белиот ролс ројс во фејсбук рекламата точи гориво на пумпата.

Сопственик станува фирмата Дукла од Кичево која лани од Тхор на Дрин Ахмети примила околу 98 илјади денари со што се вклучи во шемата на Ахмети.

Управители на бензинската стануваат Љуљзим Арифи и Арбноре Арифи. Љуљзим е брат на Селаудин Арифи, сватот, чија ќерка е снаа и е верена за синот на Али Ахмети, Шкумбин.

Претходните сопственици исчезнуваат од регистарот, а бензинската влегува во имотот на сватот на Ахмети и во директна финансиска врска со Тхор кој сега ја купува Соравиа.

Во моментот кога е снимана рекламата, белиот ролс ројс, според податоци до кои дојде Телма, бил во сопственост на Арбноре Арифи- сегашна управителка на големата бензинска пумпа.

Но, откако поради Соравиа почнаа истражувањата за фирмите во семејството на Али Ахмети, сопственичката решила да го продаде луксузното возило и од 6-ти јули тоа се води на жител на Порој.

Автомобилот е заведен под иста адреса на која е регистрирана мелницата Кока Арт 1. Кока арт лани имала два тендери за набавка на жито за стоковните резерви во вредност од околу 4,3 милиони евра.

Сега преку белиот ролс ројс кој доаѓа во Македонија како возило на Сојузот на Ромите на Амди и Габриел Бајрам, луксузниот автомобил му додава нови гранки на распространетото семејно бизнис стебло на Али Ахмети.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе