Владата и синдикатите конечно постигнаа договор. 10 отсто повисоки плати од септемрви ќе добијат вработените во јавнито сектор, но и регрес за годишен одмор. Зголемување ќе има за сите работници и оние кои во изминатиот период добија покачување. Ова нема да важи за функционерите кои со одлука на Уставен добија 78 отсто раст на примањата. До крајот на годинава во јавниот сектор ќе се исплати и регрес од 10 илајди денари. А од следната година ќе изнесува 30 отсто од просечната нето- плата. Синдикатите од финансии излегоа задоволни од договореното.
- Ќе добијат усогалсување повеќе од 14, 2 и ќе добијат дополнителна инекција во семејниот буџет поради инфлацијата која им ги нагризуваше нивните примања. Искомуницирано е членството, донесени се одлуки и очекуваме да бидат применети. 10 проценти може е малку, но со зголемените плати од јануари ќе биде дополнително зголемување, изјави Слободан Трендафилов- претседател на ССМ.
За да се реализира договорот, ќе биде потребен и ребаланс на буџетот кој ќе биде направен на есен. Колку пари ќе бидат потребни од државната каса за новото покачување и регресот Бесими не откри. Не кажа ниту од кои ставки ќе се префрлаат пари- пресметките уште не биле завршени.
- Ги правиме пресметките за тоа што имавме варијанти разни сега што преговараме да не лицитара со бројки има некој проекции, но во интерес на правилна комуникација се работи за пари на граѓание ќе излеземе кога ќе имаме се дефинирано следната недела ќе ги презентираме и бројките, изјави Бесими.
Новата методологија за пресметка на платите според просечната и коефицинетот на сложеност на работното место, ќе почне да се применува од март 2025 година. Со ова синдикатите очекувата повеќе никој да не се меша во нивните примања. Во изминатиот период вработените во јавниот сектор протестираа со барање за повиоки плати. Незадоволни на улица до сега излегоа вработнеите во Царина, УЈП , судската админситрација во културата, образованието. Револтот стана поголем откако фунцкионерите во земјава добија речиси 80 отсто покачување.
Ирена Чачкова
