Вести Македонија Топ вести

Одложена е лицитација на имотот на фирмата „ДЕНА“ на зетот на Зоран Заев – Австијците бараат 4,5 милиони евра отштета

Одложена е денешната лицитација на имотот на „ДЕНА продукт увоз-извоз“ – Велес, која требаше да се одржи во канцеларијата на извршителот Ангел Костадиновски во Кавадарци.

Денеска на лицитацијата требаше да се продава дел од имотот, односно оранежериите на роднина на поранешниот премиер Зоран Заев.

Јавноста за овој случај дозна по реакцијата на амбасадорот на Австрија во земјава, Георг Воутсас.

Во јавниот допис насловен „Повик за владеење на правото“, амбасадорот напиша дека потфрлиле и судиите и обвинителите каде автсриските инвеститори пријавувале дека не се почитува арбитражата и наплатата на долгот. Не се почитуваат ниту судските одлуки за замрзнување на имотот.

Денеска извршителот Костадиновски рече дека барањето за одложување на продажбата на имотот е на барање на австриката фирма „АММА“, за што одлука веќе донел Основниот суд во Гевгелија.

Австриската  компанија „АММА“, која се занимава со трговија на големо и дистрибуција на земјоделски производи,  има побарувања во висина од 4,5 милиони евра од македонската фирма „ДЕНА продукт увоз извоз“ – Велес.

Австриската фирма која работи на големо со дистрибуција на земјоделски производи склучила договор со „ДЕНА“ на зетот на Зоран Заев за повеќе милиони евра.

Фирма требало на големо да набавува корнишони од прва класа за Австријците од Валандово.

Но, македонската фирма „ДЕНА“ го прекршила договорот со тоа што производот го продавале на германски конкурент на пазарот.

Иако Австријците вложиле во технологија и семиња на „ДЕНА“, кога ја откриле измамата покренале спор пред меѓународен суд во Виена и добиле отштета од 4,5 милиони евра.

Тогаш почнале македонските судски игри. Денеска во Кавадарци требаше да се продава дел од имот, а вакви постапки има и кај други извршители за овој случај.

Викторија Јованова Димитровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе