Кошарка Спорт

Попович останува во Сан Антонио

Легендарниот тренер на Сан Антонио, Грег Попович и во следните пет години ќе остане на чело на екипата и за продолжување на верноста ќе добие 80 милиони евра.

Седумдесет и четири годишниот Попович во екипата од Тексас врши две функции и покрај тренерската тој има ангажман и како шеф на кошаркарските операции.

Новиот договор на тренерскиот ветеран доаѓа само неколку недели откако Монти Вилијамс потпиша рекорден договор со Детроит кој изнесува 78,5 милиони за период од шест години.

Попович на чело на Сан Антонио е од 1996 година и во овој период тој освои пет шампионски титули, а беше и креатор на легендарното трофејно трио Тим Данкан, Тони Паркер и Емануел Џинобили.

Попович во моментов се наоѓа во слична позиција и од него се очекува повторно да формира шампионски тим што ќе се гради околу најталентираниот кошаркар Виктор Вембанјама кој на последниот драфт беше прв избор.

Воедно тој е и рекордер по бројот на победи во НБА лигата и во фосегашниот тек на кариерата има 1364 триумфи на 2123 натпревари.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе