Вести Економија

Владата не се откажува од солидарниот данок и другите даночни измени, ќе ги турка со европско знаменце

Владата не се откажува од солидарниот данок и од останатите даночни реформи.  Откако ги повлече од собранието трите закони од новата даночна реформа, сега ќе ги доработи и ќе ги врати пред пратениците со европско знаменце. Ова го потврдуваат и од министертвото за финансии.  Вицепремиерот Битиќи пак вели  дека поради односот на опозицијата се одлучиле на ваков чекор.

-За жал немаше слух во Собранието за да се донесат законите и секоја понатамошна одлука за овие закони, но и за сите други  ќе бидат одговор на неразумно однесување како што направивме со законите за Бехтел и Енка, затоа што граѓаните немаат време да чекаат, вели вицепремиерот  Фатмир Битиќи.

Бизни секторот пак  конкретно  бара целосно да  биде прекината постапката за носење на данокот за солидарност. Тврдат дека ваквото законско решение ќе ги демотивира фирмите да инвестираат, а на удар ќе бидат и странските инвеститори. Првиот човек на ТИРЗ  Деспотовски пак смета, солидарниот данок нема да влијае на одлуките на инвеститорите.

-Се носи еднократно и по стабилизрање на  тој сегмент во јавните финансии нема да има потреба од  понатамошни интервенции. Реакацијата не е зошто се носи, туку зошто не беше кажано на време. Не мислам дека значитално ќе влијае на  интересот на самите  инвеститорите и  оние кои работат во земјава, рече Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Од Стопанската комора  посочија и  дека дополнително ќе се оптоварат оние кои најредовно ги плаќаат давачките кон државата. Наместо тоа, побараа државата конечно да најде начин да ги натера да плаќаат оние кои тоа не го прават.

Со солидарниот данок,  државата проектираше годинава да собере околу 90 милиони евра. Парите би се собрале од околу 200 компании кои лани направиле профит од 10 милиони евра, а делот од профитот кој е повисок за 20 отсто, да се оданочи со стапка од 30 проценти. Данокот беше планирано да се собере до крајот на јуни, но законот заглави во собраниските комисии. Освен солидарниот, измените во законот за ДДВ  треба да ја поскапат лукзусната храна. Околу 4 илјади производи да се даночат со 10 наместо со 5 отсто. Измени има и во законот за добивка. Парите од новата даночна реформа се планирани во буџетот за оваа година.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе