Вести Македонија Најважни

Дејвид Гир ексклузивно за Топ Тема: ЕУ испраќа оценска мисија во Македонија за работата на Судскиот совет

Европската унија испраќа оценска мисија во Македонија за работата на Судскиот совет, по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци. Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Дејвид Гир, ексклузивно за Топ Тема најави дека тоа веќе и` е предложено на Владата и се надева дека ќе се реализира најбрзо што може, бидејќи, како што вели, работата на Судскиот совет мора да се поправи.

  • „Мислам дека турбуленции е вистинскиот збор за тоа. Го следиме тоа од блиску со голема загриженост. Судскиот совет треба да игра многу значајна улога. Тој треба да ја штити и и промовира независноста, професионализмот и интегритетот на судството. Тое е неговата работа. Јасно е дека не го прави тоа. И она што го видовме неодамна е навистина. Неодамнешните случувања се многу загрижувачки. До толку што поради тоа ние и предложивме на Владата да распоредиме тука оценска мисија на високо ниво за Судскиот совет, за да ги најде начините на кои ние може да одговориме на прашањата за професионализмот, интегритетот и независноста, за тие навистина да можат да ја вршат својата работа во иднина. Секако тоа е советодавна група, оценска мисија, се надевам дека ќе може тоа да го направиме набрзо, но тоа покажува колку внимание ние посветуваме на владеењето на правото и колку важна ја сметаме улогата на Судскиот совет. Ова треба да се поправи“, одговори Гир на прашањето за случувањата во Судскиот совет.

Целосното интервју со Дејвид Гир можете да го гледате во вечерашната Топ Тема на Телма во 19:15 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

В.д. премиерот од Форино сам треба да си го уреди сопствениот двор – Арсовска му одговори на Џафери за обраснатата трева во владата

Дејан Дејан

Џафери ја прозва Арсовска за косење на тревата во владиниот двор

Дејан Дејан

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе