Ракомет Спорт

ИХФ ги подели поканите за настап на СП, Македонија остана без учество на Мундијалот

Згасна и последната надеж дека женската ракометна репрезентација ќе добие покана за настап на претстојното Светско првенство што кон крајот на годинава ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

Наместо решавачки да биде пласманот на последниот континентален шампионат или позицијата на ранг листата на ЕХФ според која Македонија заедно со репрезентацијата на Швајцарија требаше да бидат дел од Мундијалот, Светската федерација реши последните две места да им ги додели на селекциите на Исланд и Австрија кои не беа дел од последното Европско првенство.

На три дена пред жрепката за првата фаза од Светскиот шампионат ИХФ ги одреди и квалитативните садови.

Во првиот се репрезентациите на Норвешка, Данска, Црна Гора, Франција, Шведска, Холандија, Бразил и Германија.

Словенија, Шпанија, Хрватска, Кореја, Унгарија, Романија, Полска и Чешка се сместени во вториот, а во третиот сад се наоѓаат Србија, Јапонија, Украина, Гренланд, Аргентина, Ангола, Кина и Камерун.

И во последниот четврти сад сместени се националните тимови на Конго, Сенегал, Парагвај, Иран, Казахстан, Чиле, Австрија и Исланд.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе