Вести Економија Најважни

Дијалогот за пораст на платите во јавниот сектор продолжува

Економско – социјалниот совет (ЕСС) денеска продолжи со Eдинаесетата седница со која претседаваше Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, а на која  беа презентирани нови симулации согласно претходно предложениот пораст на плати од страна на претставници на синдикатите.

По дадените предлози, како што информираат од МТСП, беше отворена конструктивна дискусија меѓу присутните. Социјалните партнери се договорија понатамошните преговори за Методологијата за пораст на платите  во јавниот сектор да се одвива во помала работна група составена од членовите на ЕСС која ќе работи зачестено, а ќе излезе со предлози до следната седница на ЕСС.

На Седницата беа присутни Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, Размена Чекиќ – Дуровиќ, државна секретарка на Министерството за економија, претставници на синдикатите – членови на економско-социјалниот совет, нерепрезеентативните синдикати  и претставници на институциите.

Целта на Владата, велат од Министерството за труд и социјална политика, е креирање праведен и одржлив систем од кој секој добива и  воспоставување на методологија иста за сите вработени во јавниот сектор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе