Помали приноси на жито се очекуваат од годинешната реколта во струмичко. Обилните врнежи го десеткуваа родот велат земјоделците. Најкритично според нив е во пониските делови на полето.
Пченицата последниве години е барана, но за земјоделците не е многу актрактивна како култура за садење, бидејќи откупната цена не е конкурентна.
На ниво на држава, министерството за земјоделство објави податоци дека се зголемени површините под жито и житни култури. Според министерот Николовски, засадени се оклу 78 илјади хектари под житни култури.
Сузана Мицева
