Uncategorized Спорт Фудбал

“Генералката” во Челзи се уште трае, нема нови имиња на Стемфорд бриџ

Откако во период од неполни шест месеци новиот сопственик на Челзи, Тод Боели на нови имиња во екипата потроши 600 милиони евра на почетокот од летниот преоден рок се уште трае намалувањето на бројот на фудбалери и за балансирање на трошоците потребно е од продажба да се инкасираат најмалку 350 милиони.

Боели во моментов е на половина пат од исполнување на овој услов за да може повторно да се активира на трансфер пазарот.

Шест фудбалери веќе го напуштија Стемфорд бриџ, Калиду Кулибали се пресели во Ал Хилал за 23 милиони, Едуар Менди замина во Ан Ахли за сума од 18,5 милиони, Каи Хаверц се пресели во Арсенал за 70 милиони, а Матео Ковачиќ во Манчестер Сити за 29 милиони евра. Единствен како слободен играч клубот го напушти Н’Голо Канте (Ал Наср), а деновиве се очекува и комплетирањето на трансферот на Мејсон Маунт во Манчестер Јунајтед за 65 милиони евра.

Дополнителни приходи се очекуваа од трансферот на Хаким Зиеш во Саудиска Арабија, но тој не ги мина лекарските прегледи, а наскоро се очекува конечна одлука за заминувањето на Сезар Азпиликуета, Кристијан Пулишиќ и Пјер Емерик Обамејанг.

Рубен Лофтус Чик би требало да замине во Милан, Калум Хадсон Одои е пред трансфер во Нотингем Форест, а дополнителен приход се очекува и од продажбата на Ромелу Лукаку.

Менаџерот Маурисио Почетино се уште размислува дали да го ослободи од обврските Конор Галагер, а на листата на прекубројни може да се најде и Марк Кукуреља.

По “проветрувањето” на екипата се очекува засилена активност на пазарот околу ангажирање на нови имиња на екипата, но тогаш се поставува прашањето што ќе остане на пазарот со оглед на фактот дека ривалите на Челзи веќе засилено работат на засилувањата за следната сезона.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе