Кошарка Спорт

Евролигата почнува на петти октомври

Само еден ден откако беа потврдени 18. клуба кои во новата сезона ќе се борат за трофејот во кошаркарската Евролига, објавен е календарот за новото издание на елитното натпреварување.

Првото коло ќе се одигра на петти и шести октомври, а според календарот првиот дел од натпреварувањето завршува на 12 април следната година.

На 16 и 19 април ќе се одиграат двете средби од плеј инот кој за прв пат се воведува во новата сезона. Разигрувањето за трофејот почнува на 23 април и најдоцна треба да заврши на осми мај.

Завршниот турнир на кој ќе настапат четирите најдобри екипи ќе се одржи во периодот од 24 до 26 мај, а домаќин на решавачките дуели за трофејот ќе биде Берлин.

Според распоредот на натпреварите во новата сезона планирани се седум двојни програми кога во една недела екипите ќе одиграат по два меча.

Од вкупно седум четири двојни програми ќе има во декември и јануари.

Трофејот од минатата сезона го брани мадридски Реал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Ивановски поразен во финалето на М25 турнирот во Загреб

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе