Вести Економија Топ вести

ТЕЛМА ДОЗНАВА: 53 евра за мегават час е понудата на ЕСМ  за новата цена на електричната енергија

53 евра за мегават час  е понудата на државните електрани за нивната електрична енергија,  велат извори за Телма. Тоа е за околу 3 евра пониско од сегашната цена кога изнесува 56 евра за мегават час.  Тендерот на ЕВН ХОУМ е денеска и на него ЕСМ ја доставува својата понуда. Од цената на ЕСМ најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните за  струја во следните 6 месеци.  Деновиве и регулаторна треба да каже колку од барањата на енергетските компании ќе бидат прифатени. Исто така и ДДВ за струја се враќа од 10 на 18 отсто. Иако, се очекуваше да се врати евтината тарифа од први јули,  сепак тоа нема да се случи.  Најверојатно оваа поволност граѓаните ќе ја имаат  од следната година во летнито период. Иако, се најавуваше  речиси два месеци сепак сега проблем за дневната евтина тарифа се броилата како што објаснуваат  од регуалторна.

Новата цена на струјата ќе се соопшти  следната недела, а ќе важи од први јули.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе