Uncategorized Вести Македонија

Костова во „Топ тема“: Загрижувачка е ситуацијата со познавање на македонскиот јазик, особено кај тинејџерите

Ситуацијата со познавање на стандарниот македонски јазик е загрижувачка, изјави Билјана Костова, професорка по македонски јазик во гимназијата „Никола Карев“, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Се повеќе гледаме дека огромно влијание има употребата на англискиот јазик, учењето на англискиот јазик, изговор, зборовите. Значи, се употребува англиски јазик и онаму каде што не треба. Се разбора дека е убаво да се учат нови странски јазици, меѓутоа да не се запоставува мајчиниот јазик. Со тоа, всушност, тој се истиснува и не може да дојде до неговата правилна употреба“, вели Костова.

Особено полоша е состојбата, како што кажа, кај тинејџерите.

„Тие се во едни години кога сакаат да бидат модерни, сакаат да доминираат во групите во коишто се движат, па така најинтересно им е да бидат, нели, популарни со помош на сите можни алатки коишто ги нуди модерниот свет. Го гледаме сето тоа, загрижени сме навистина и се обидуваме на сите можни начини да влијаеме, но колку тоа ќе ни успее без некоја, да кажеме, посигурна основа, подобра база. Сите треба да работиме на тој дел“, порача Костова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петнаесет работници загинале, 93 биле повредени на работни места лани

Дејан Дејан

Немало потреба од затворски притвор, таткото на Вања можел да се обезбеди и во куќен – Врховен ја објави одлуката

Дејан Дејан

Над 100 уапсени низ САД – се шират пропалестинските протести на американските универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе