Вести Македонија Најважни

Пендиков дојде на судење во Охрид – адвокатот на Спасески ја напушти судницата – рочиштето одложено за 12 јули

Мала драма на почетокот на судењето за нападот врз секретарот на сега веќе укинатото бугарското здржение „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков кој беше истепан од Илија Спасески.

Од охридското Обвинителство беше приложен нов доказ против обвинетиот Илија Спасески . Одбраната на Спасески побара одлагање на рочиштето за да се проучи овој доказ, но судијата Бојан Мартиноски не дозволи. Поради ова, адвокатите на обвинетиот ја напуштија салата, а судењето без нив не можеше да продолжи.

Во судницата остана првообвинетиот Илија Спасески кој рече дека сака да се брани со адвокат и побара одлагање.

– На обвинетиот Илија Спасески му се дава поука дека доколку на следното рочиште не ангажира адвокат, истото ќе се одржи, а истото ќе се одржи и ако новоангажираните бранители на ист ваков начин ја напуштат седницата.

Рочиштето се одложи за 12 јули.

Пендиков дојде во охридскиот суд, иако претходно тврдеше дека неговата безбедност е загрозена во Македонија. Пендиков сега седна до Спасевски, за кого тврди дека го натепал во Охрид. Досега, судот не можеше да го најде бидејќи беше во Бугарија и оттаму испраќаше навреди и обвинувања кон Македонија.

Вчера, Пендиков изјава даваше и пред охридското Обвинителство кое води постапка и против битолчанец, а поради нападот врз него. Тој доаѓа од Бугарија откако таму беше однесен со специјален авион на лекување. Во меѓувреме, доби и бугарско државјанство со највисоки почести. Пендиков, беше и секретар во бугарското здружение „Цар Борис III“ во Охрид.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе