Uncategorized Вести Македонија

Ковачевски најави дека ќе иницира средба со Мицкоски за актуелните прашања

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека во наредните десет дена ќе иницира средба со лидцерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на која би разговарале за носење на одуки за интеграцијата на Северна Македонија и за усогласување на ставовите за односите со соседните земји.

– Првата тема ќе биде носењето на одлуки потребни за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и второ, усогласување на ставови за односи со сите соседни држави на Република Северна Македонија, рече Ковачевски.

Одговарајќи на прашања за уставните измени, Ковачевски кажа дека очекува во понеделник предлог-иницијативата од работната група да биде во архивата на Владата и потоа дека ќе се најде на седница на Владата.

Прашан дали албанските партии ќе го поддржат предлогот имајќи го предвид нивното барање за бришење на „20 отсто“ од Уставот и да биде напишано албански јазик, Ковачевски рече дека многу јасни пораки дојдоа од претставниците на ЕУ и дека верува дека не само тие, туку и сите партии во Собранието ќе го поддржат предлогот.

Коментирајќи ги изјавите од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека нема да поддржат уставни измени и за наводна негова оставка, премиерот повтори дека тоа се фикции на лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека единствен кој кажал дека ќе си поднесе оставка е самиот Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е подготвен во кое било време да разговара за националните и државни интереси на Македонија – велат од опозицската ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на премиерот Димитар Ковачевски во која тој пред медиумите кажа дека ќе го покани опозицискиот лидер на средба.

Но, освен за националните интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата треба да се разговара и што ќе се прави по неуспешното спроведување на измените во Уставот.

Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која, меѓу другото, треба да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди, се наведува во соопштението на опозициската партија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе