Кошарка Спорт

Сан Антонио најголем добитник на лотаријата

Тимот на Сан Антонио го доби правото прв да избира на годинешниот драфт во НБА лигата.

Тексашаните имаа само 14 проценти можност први да избираат играч и на крајот тие го добија џек-потот и правото од следната сезона во своите редови да го имаат најталентираниот кошаркар на денешницата 19-годишниот Французин, Виктор Вембанјама.

Младиот француски репрезентативец ќе биде дел од тимот кој го предводи легендарниот Грег Попович, а за кој своевремено настапуваше неговиот сонародник Тони Паркер.

Во минатото Сан Антонио имаше неколку шанси да ги избере најдобрите на драфтот откако во 1987 година на екипата и се приклучи Дејвид Робинсон, а десет години подоцна беше ангажиран Тим Данкан.

Вембанјама е висок 220 сантиметри и според сите медиуми тој е најпосакуваниот дебитант од времето кога во НБА влезе ЛеБрон Џејмс, а тоа се случи пред точно две децении.

Втори на драфтот што ќе се одржи на 22 јуни во Њујорк ќе избира Шарлот, а следуваат Портланд, Хјустон и Детроит.

Покрај Вембанјама меѓу оние кои високо котираат на драфтот се Скот Хендерсон и Брендон Милер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе