Кошарка Спорт

Феникс го отпушти тренерот Вилијамс

Само еден ден по елиминацијата во разигрувањето за шампионската титула Феникс му врачи отказ на тренерот Монти Вилијамс.

Смената на Вилијамс доаѓа само една година откако го освои признание за најдобар тренер во лигата, а под негово водство Феникс во 2021 година беше дел од големото финале во кое беше поразен од Милвоки.

Тој е втората тренерска “жртва” во последниве десетина дена откако претходно и Милвоки реши да му врачи отказ на Мајк Буденхолзер.

Вилијамс пред ангажманот во Феникс работеше како дел од стручниот штаб во Портланд и Филаделфија, а од 2010 до 2015 го предводеше Њу Орлеанс.

Додека седеше на клупата на Феникс, Вилијамс имаше скор од 194 победи и 115 порази, а во разигрувањето забележа 27 триумфи и имаше 19 загубени натпревари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе