Ракомет Спорт

Вардар успеа да го одбрани трофејот во Купот

Ракометарите на Вардар го одбранија трофејот во Купот на Македонија откако во финалниот натпревар што се одигра во Охрид го совлада Еурофарм Пелистер со 26:25.

Црвено-црните уште од самиот почеток на мечот имаа предност која во еден момент изнесуваше и пет погодоци, а на одмор Вардар замина со водство од 16:12.

Во продолжението Битолчани се доближија на негатива од два гола, а во 42. минута преку Пешевски стигнаа до минус еден, но потоа составот предводен од Владо Недановски повторно ја презема контролата на резултатот и на 12 минути од средбата стигна до водство од 24:19.

Завршницата од натпреварот им припадна на ракометарите на Еурофарм Пелистер кои направија серија од 4:0 и повторно стигнаа до заостанување од еден погодок.

Вардар одговори со два гола во низа и обезбеди помирна завршница во која Еурофарм Пелистер повторно стигна до минус еден, но веќе немаше време за евентуално израмнување.

Најефикасни во составот на Вардар со по седум погодоци беа Моралес и Дутра, а пет пати меѓу стрелците се запиша Талески.

Во составот на Еурофарм Пелистер по пет гола постигнаа Суси и Хосни.

ФОТО: Денис Дуковски (www.24rakomet.mk)

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе