Вести Македонија

Меџити: Здравството е во катастрофална кондиција, на секои 6 месеци ќе барам извештај за работата на Клиниките

Здравството е во многу лоша кондиција и мора сите заедно да работиме да го подобриме, вели министерот за здравство Фатмир Меџити во интервју за Топ Тема.

Министерствот за здравство е океан без дно и секогаш требаат средства. Имало средства и досега, низ сите клиники, но како се реализирале, тоа не знам, вели Меџити. Додава дека на секои шест месеци ќе им бара на директорите на Клиниките извештај што се е реализирано, и ќе има еден вид внатрешна ревизија. Објаснува дека за една деценија инвестициите во здравството се намалени, во 2013-година имало 41 милиони евра за капитални инвестиции, за оваа година да има само 8, 86 милиони евра што според Меџити е катастрофално.

  • Ова апсолутно не е во ред и овој тренд мора да се пркеине, затоа јас секоја седница на Влада барам повеќе средства и во Владата веќе ме викаат „еве го овој што секогаш бара пари“. Не седам јас во кабинет, сакам за една година, до пред изборите да ги посетам сите здравствени институции низ цела Македонија. За Штип е вистина, тоа што го видов таму е срамота. Таму има фантастични доктори кои добро работат, но не заслужуваат такви услови. Мора да го смениме менталниот склоп и да почнеме сами од себе, вели Меџити.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе