Uncategorized Вести Свет

Убиецот од Нови Сад имал забрана за пристап до својата жртва-поранешна партнерка, му биле одземени 6 ловечки пушки, но останал да работи во продавница за оружје

34-годишниот убиец кој со украдено оружје ја застрелал поранешната партнерка на нејзиното работно место во козметички салон во Нови Сад, веќе и бил познат на српската полиција и судовите поради закани кон жртвата.

Но, српските судови и обвинителства не ја заштитија туку донесоа одлука да му забранат пристап и комуникација со девојката и да му одземат 6 парчиња ловечко оружје додека го оставиле да работи во продавница за оружје, констатира во својата осуда кон државните институции, Автономскиот Женски Центар-АЖЦ.

Организацијата соопшти и дека вчерашниот фемицид во Нови Сад каде беше убиена 27-годишна девојка е 5-то убиство на жена, партнерка или девојка со огнено оружје во оваа година.

За помалку од 5 месеци во Србија се извршени вкупно 17 фемициди и убиства во семејно-партнерски заедници, а две од жртвите се девојчиња, едно имало 16 години, а другото само две години.

АЖЦ смета дека станува збор за грешки на правосудниот систем каде жените-жртви пријавуваат верувајќи дека ќе бидат заштитени, а обвинителството и судот определуваат благи мерки со што насилниците успеваат да стигнат до жените и да ги нападнат и во најлош случај да ги убијат.

-Како е возможно на секоја граѓанка и граѓанин во државата да им е јасно дека некој којшто е пријавен за насилство и има пристап до оружје, на крај ќе го искористи тоа оружје. А тоа не им е јасно само на судиите и на обвинителите или пак не го гледаат тоа или можеби ме сакаат да го видат, нагласува оваа женска организација.

Поради закани, на убиецот кој потоа се самоуби, судот пред неколку недели на крајот на април му определил забрана за пристап и комуникација со 27-годишната жена со која порано бил во врска, а по раскинувањето почнал да и упатува закани по живот.

Убиецот имал и 6 ловечки пушки легално иако бил исклучен од ловечкото здружение каде бил член поради несоодветно однесување. Судот му ги одзел сите легални пушки, но направил огромен пропуст бидејќи не му забранил да пристапува кон оружје.

Убиецот продолжил да работи во прпдавница за оружје и покрај судските мерки за закани кон поранешната партнерка, па вчера од продавницата украл пиштол и муниција и ја ликвидирал поранешната партнерка пред нејзините муштерии во козметички салон. Потоа се самоубил.

Женската организација АЖЦ бара во надлежните тела да се отворат дисциплински постапки против судиите и обвинителите кои што со своето непостапување овозможиле жени во Србија да станат жртви на фемицид, како во последниот случај во Нови Сад. АЖЦ бара и парламентарна расправа за заштита на жените од фемицид.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Дејан Дејан

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе