Спорт Фудбал

Реал на Белингам му нуди плата од 20 милиони

Мадридски Реал очигледно по секоја цена сака уште ова лето да го реализира трансферот на Џуд Белингам.

Младиот репрезентативец на Англија може да си замине од Борусија Дортмунд за сума од 150 милиони евра, но пред да почне преговори со Бундеслигашот, Кралскиот клуб сака прво да ги договори личните услови на Белингам.

Неофицијално еден од најталентираните фудбалери во Европа ја одбил понудата од Борусија според која за продолжување на соработката му се нуди плата од 14 милиони што е за шест милиони помалку од сумата која е понудена од Кралскиот клуб.

Покрај Реал Мадрид во трката за Белингам се очекува да се вклучи и Пари Сен Жермен додека Манчестер Сити и Ливерпул веќе се повлекоа со образложение дека немаат намера да плаќаат превисоко обештетување.

Кралскиот клуб на Белингам му нуди договор до 2029 година и рекордна плата, но последниот збор треба да го даде Белингам, кој често пати најавува дека сака да се врати во Англија и затоа се шпекулираше дека тој ќе остане во Дортмунд и во текот на следната сезона, а потоа се очекува намалување на обештетувањето и почеток на преговори со Манчестер Сити и Ливерпул.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Серџо Консеисао е главен фаворит да биде нов тренер на Милан

Дејан Дејан

Озимен во Челси, Лукаку во Наполи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе