Вести Спорт Топ вести Фудбал

Го стокми најскапиот договор во историјата на фудбалот – Меси се сели во Саудиска Арабија за 505 милиони долари

Лионел Меси го напушта Париз по завршување на тековната сезона и на лето се сели во Саудиска Арабија, откако аргентинскиот ас го договори најскапиот договор во историјата на фудбалот. Француски АФП пишува дека зделката е „готова работа“, а останатите француски медиуми објавија дека Меси ја прифатил понудата на Ал Хилал според која ќе заработува 505 милиони долари.

Британски „Дејли Мејл“ шпекулира и со сума од 522 милиона долари, но нема никаква дилема дека Аргентинецот ќе го има „најтешкиот“ договор во историјата на фудбалската игра. На тој начин, Меси повторно ќе игра против Кристијано Роналдо кој веќе настапува за Ал Наср.

Меси е единствениот фудбалер со седум освоени „Златни топки“ во кариерата и, според многумина, е изненадувачки што прифатил да игра во Саудиска Арабија, наместо да се врати во Барселона или да направи трансфер на некое друго место во Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе