Спорт Фудбал

Јувентус договори големо засилување од Вилјареал

Јувентус ова лето ќе ја засилува одбраната и се чини прв трансфер ќе биде Пау Торес од Вилјареал.

Шпанскиот репрезентативец веќе одредено време преговарал со италијанскиот гигант прегу својот агент и веќе ги договорил условите за кои би играл во Торино. Сега останува потешкиот дел, а тоа е Јувентус да го убеди Вилјареал да го продаде својот стопер.

Вредноста на Торес на трансфер-пазарот изнесува 45 милиони евра, но Јувентус ќе мора да плати повеќе од тоа за да го доведе фудбалерот во своите редови.

Шпанецот има 26 години, а долго време за него има интерес и од Премиерлигата од клубови како Манчестер јунајтед, Тотенхем и Арсенал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе