Кошарка Спорт

Стојановски: Имаме добра група да видиме до каде сме

По освојувањето на првото место во претквалификациите за Европското првенство, македонската кошаркарска репрезентација доби можност од истото ниво да ја почне битката за влез во квалификациите за Олимписките игри.

„Сметам дека групата која ја добивме е добра. Кога велам добра, мислам од причина што носи реален квалитет, и можност да видиме каде сме, односно каде ќе бидеме во тој момент. Ќе биде одлична можност за проверка на нашите квалитети во еден повисок квалитативен ранг од оној што го игравме во изминатите претквалификации за Евробаскетот. Пред нас се три доста квалитетни селекции. Естонија е домаќин на турнирот, а тоа значи дека штом испратиле пријава за организација, имаат високи амбиции. Израел и Чешка се постојани учесници на Евробаскетот. Чесите беа и домаќини на една од групите на претходниот собир на најдобрите европски селекции. Дали и колку ќе бидеме конкуренти, тоа зависи во каков состав ќе бидеме во Талин. Се надевам дека за разлика од последниот циклус од претквалификациите, ќе бидеме комплетни. Дека ќе можеме да сметаме и на некои играчи кои ги немавме на минатите натпревари, како Љубомир Младеновски. Се надевам дека ќе го имаме и Ненад Димитријевиќ, дека со нас ќе биде и Андреј Јакимовски. И најважно од се, е да нè послужи здравјето во периодот кој што следува“, изјави Војдан Стојановски.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе