Вести Македонија

Инспекторите на Кванташки одземаат зеленчук и овошје од нерегистрирани трговци- викендов наплатени 80.000 евра казни од маркети

Пазарните инспектори со полни раце документи и налози, се вратија на Кванташки, десет дена по првата контрола. Во придружба на финансиските полицајци и со заштита од вооружена интервентна полиција, инспекторите го проверуваа сметководството на фирмите сместени на Кванташкиот пазар. Најголеми сомнежи се дека не се почитуваат одлуките за замрзнување на цените. Но исто така во првата контрола беа откриени и десетици тезги каде продавале и работеле нерегистрирани фирми за трговија на мало, иако Кванташкиот е наменет за продажба на зеленчук и овошје на големо.

Агенцијата за одземен имот им ја одзема стоката на продавачите кои не биле регистрирани како трговци. Директорот на Државниот пазарен Инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски не дава детали за денешната акција, но тврди дека никој нема да биде поштеден од казни.

Секој што ќе ги прекршува законите, ќе одговара без селекција. Сите акции ќе продолжат интензивно и нема да застанат на територија на целата држава. Утврдено е дека на кванташкиот пазар, но и низ цело Скопје и низ целата територија на држава се лоцирани нерегистрирани трговци на мало. Сите што вршат нерегистрирана дејност, ќе одговараат по законите за кои е надлежен ДПИ. Постапуваме по законот за трговија. Денеска одиме и по друг принцип, ќе има и одземање на стока, по законите за кои сме надлежни, вели  Горан Трајковски, директор на Државен пазарен инспекторат.

Доколку се утврдат неправилности во зависност од големината на субјектот казните ќе бидат од 800 до 10.000 евра.

Според контролите кои биле спроведени досега повеќето маркети ги почитувале мерките, но има и такви кои не ги почитувале. Само во саботата биле изречени казни во вредност од над 80.000 евра за непочитување на мерките.

При првата акција, кога инспекторите бараа скриена стока најдоа фактури со променета вредност на увозниот зеленчук и овошје, но истрагата за тоа се уште не е завршена и засега нема осомничени за крупните царински и трговски измами.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе