Филмови

ЖЕНАТА ВО ЦРНО – недела, 23 април 2023 – 22:15

Адвокатот Артур Кипс од Лондон сè уште тагува поради смртта на неговата сакана сопруга Стела, која починала пред четири години при породувањето на нивниот син Џозеф. Неговиот работодавец му дава последна шанса за да ја задржи својата работа – да отпатува во зафрленото село Критин Гифорд за да ја испита документацијата од куќата во „Мочуриштето на јагулите“ што ѝ припаѓала на неодамна починатата г-ѓа Драблоу. Артур во возот се спријателува со Дејли кој ќе му понуди превоз до гостилницата Гифорд Армс. Артур има ладен прием кај сопственикот на гостилницата кој вели дека не го добил барањето за резервација и дека нема слободна соба. Следното утро, Артур го запознава адвокатот Џером кој го советува да се врати во Лондон. Меѓутоа, Артур оди во изолираниот имот и наскоро открива дека куќата е опседната од одмазднички дух на жена облечена во црно. Дознава и дека жената го загубила синот и се удавила во мочуриштето. Сега таа бара одмазда земајќи ги децата на преплашените мештани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СРЕЌНИТЕ ЛОГАНОВИ – недела, 05 мај 2024 – 23:50

Дејан Дејан

ЌЕ СЕ ГРИЖАМ ЗА ТЕБЕ – сабота, 04 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ФЕСТИВАЛOТ НА РИФКИН – сабота, 04 мај 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе