Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Предлог измените на Законот за заштита на културно наследство, како дел од „Бехтел&Енка“ пакетот, повлечени од процедура

Предлог измените на Законот за заштита на културно наследство, кои беа во пакет со уште осум други предлог измени на закони во насока на олеснување на процедурите за „Бехтел&Енка“, компанија на која ѝ се доверени изградбата на делници од коридорите 8 и 10Д, се повлечени од процедура во Собранието.

Измените требаше да се носат по скратена постапка. Но, под притисок на археолозите кои протестираа пред законодавниот дом, меѓутоа и поради негодувањата на неколку пратеници за начинот на кој се планирани да се донесат предложените измени, собранискиот спикер Талат Џафери информира дека предлагачите ги повлекуваат измените на Законот за заштита на културно наследство.

Претпладнево, пред почетокот на собраниската седница, пред парламентот се собраа археолози на протест и предупредија на штетноста од предложените измени со кои, како што порачаа, ќе се овозможи „легално уништување на културното наследство“.

Дел од нивните забелешки за предложените законски измени се однесува дека при евентуално откривање на наоѓалиште при градење на овие автопати, изведувачот за тоа ќе треба да го извести само надзорниот инженер, а не како досега, откритието да биде пријавено до надлежната јавна установа за заштита или до полицијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас: План за раст и реформска агенда не се замена за полноправно членство туку алатка за подготовки

Дејан Дејан

Путин бара привремена администрација во Киев

Дејан Дејан

Koалиција „Сите за правично судење“ бара непристрасна истрага без селективност за борба против корупција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе