Филмови

ПРОПАДНАТ ГРАД – недела, 09 април 2023 – 22:15

Во корумпираниот град во кој царува неправдата, поранешниот полицаец Били Тегарт (Марк Волберг) бара искупување и одмазда откако ќе биде измамен од најмоќниот човек во градот, градоначалникот Николас Хостетлер (Расел Кроу). Моќникот ќе се соочи со неуморната потрага за правда на Били, кој ќе стане неговиот најстрашен кошмар.
Во Њујорк, детективот Били Тагарт оди на суд за убиството на осомничениот силувач Мајки Таварез, но градоначалникот Николас Хостетлер и началникот на полицијата Карл Фербенкс прават важните докази да исчезнат и случајот против Били е отфрлен; сепак, тој е принуден да го напушти полицискиот оддел. Седум години подоцна, Били е приватен детектив и живее со својата девојка Натали Бароу, која е надежна актерка и сестра на жртва за која бил обвинет Мајки. Секретарот на Били, Кети Бредшо (Алона Тал) се обидува да собере дел од долговите за да го спаси нивниот бизнис. Во неделата на изборите, Хостетлер го повикува Били и му нуди 25.000 долари за истрага на неговата сопруга Кетлин Хостетлер, за која верува дека има љубовна врска. Били открива дека Кетлин се среќава со Пол Ендрјус, кој е координатор на кампањата за Џек Валијант, противникот на Хостетлер и фаворит на изборите. Кога Пол е пронајден мртов на улица, Били мисли дека Хостетлер повторно го измамил па решава да ја истражи вистината зад убиството на Пол.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СРЕЌНИТЕ ЛОГАНОВИ – недела, 05 мај 2024 – 23:50

Дејан Дејан

ЌЕ СЕ ГРИЖАМ ЗА ТЕБЕ – сабота, 04 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ФЕСТИВАЛOТ НА РИФКИН – сабота, 04 мај 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе