Филмови

АТЛАС – сабота, 01 април 2023 – 19:35

Долгата и болна борба на Алегра, единствената преживеана од терористичкиот напад што го одзеде животот на нејзините тројца пријатели. Алегра е млада жена со страст за качување на високи планини. Таа решава да отпатува за Мароко за да го достигне врвот на Атласот, но нејзиното патување ненадејно завршува поради трагична ситуација. Не можејќи да ја надмине траумата неколку месеци подоцна, таа се враќа во својот град, каде средбата со Арад, млад муслимански бегалец, ја принудува да се соочи со нејзината перцепција за реалноста, нејзините стравови и да ги залечи длабоките внатрешни рани.

Приказната е инспирирана од експлозија на бомба во кафулето Аргана во Маракеш, Мароко на 28 април 2011 година, во која загинаа осумнаесет, вклучувајќи и тројца од Швајцарија, од каде што е режисерот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ПАДОТ НА МЕСЕЧИНАТА -недела, 05 јули 2026 – 24:00

Дејан Дејан

КРИСТИНА – недела, 05 јули 2026 – 22:15

Дејан Дејан

ЛУСИ – ГАНГСТЕРКАТА – недела, 05 јули 2026 – 10:45

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе