Спорт Топ вести Фудбал

Крстевски: Подолг период не можам да го финансирам Вардар, преговараме со странска компанија за преземање на клубот

Фудбалерите на фудбалскиот клуб Вардар, стручниот штаб и навивачите денеска се огласија до јавноста и побараа актуелниот сопственик Слободан Крстевски да го предаде раководењето со клубот на друго лице. „Црвено-црните“ иако се на врвот на Втората лига, тие работат и играат во очајни услови и без плати речиси цела сезона. Спортскиот директор Александар Бајевски, стручниот штаб на чело со Бобан Грнчаров и навивачката групата Комити преземаат голем товар од функционирањето на клубот.

Поради беспарицата тие самите ги покриваат трошоците за пат на натпреварите, ручеците, перењето на дресови и сите останати основни потреби што ги има еден фудбалски клуб. Ситуацијата е алармантна затоа „вардарци“ бараат Крстевски да го отстапи клубот на друг газда, кој ќе биде подготвен и ќе може финансиски да го води клубот.

Денеска со свое соопштение се огласи и самиот Крстевски. Тој презема одговорност за финансиската ситуација поради крахот на неговата приватна компанија. Крстевски го презема клубот, кога беше на работ на егзистенција од претходниот сопственик, но е горд што успеал барем да го одржи во живот нашиот најголем фудбалски клуб.

Сопственикот на Вардар им изрази благодарност на сите вработени во клубот за трпението и најави дека е во преговори со странски спонзор, кој е подготвен да го преземе клубот.

Во продолжение во целост соопштението на Слободан Крстевски.

„Почитувани,
како сѐ уште актуелен сопственик на ФК Вардар чувствувам одговорност јавно да одговорам на писмото од играчите, стручниот штаб и навивачката група Комити. Иако тие се запознаени што се случува со мене и клубот во моментот, должен сум да одговорам и да ја запознаам јавноста. Јас клубот го превземав минатата сезона во лоша состојба, сите знаеме дека претходниот спонзор се откажа и дека во последен момент се појавив јас со мојата компанија да го превземам клубот, веројатно пред да згасне. Не сакам да барам изговори за мојот неуспех, но се сметам себеси за горд што како така успеав да го спасам најголемиот македонски бренд да преживее во најтешкиот период можеби од основањето. 
Веќе неколку месеци сме во преговори и бараме решение со инвеститор од странство да го превземе раководењето на клубот, за тоа се запознаени стручниот штаб, кој патем присуствуваше на последниот состанок, така и играчите и навивачите. Она што сакам да потенцирам, јас 5 месеци имав постапка да го превземам клубот, и само на чесен збор даден од претходниот сопственик финансирав без никаков документ додека клубот не биде префрлен на мојата компанија, што се случи на 20.01.2022. Компанијата која е заинтересирана за превземање на клубот, нормално, како во секоја европска земја, сака прво да ги среди сите потребни документи, па дури потоа да финансира во клубот, процес кој веројатно ќе потрае уште неколку недели. 
Веќе подолг период не сум финансиски во можност да ги подмирам примањата на вработените во ФК Вардар, за жал мојата компанија претрпе големи загуби и доживеа финансиски крах. Периодов успевам да покријам дел од основните трошоци, колку сум во можност да може барем некако да функционираме како клуб. Голема благодарност за навивчката група која што помагаше периодот, како и до играчите и врботените што издржаа до сега, се тоа за Вардар, не за мене, тоа македонската јавност мора да го знае. 
Јас останувам да помагам во клубот колку можам, продолжувам понатака во завршна фаза на преговори со новиот спонзор, за што директно ќе биде вклучен дел од стручниот штаб за да биде се транспарентно, но еве нека биде ова покана до нашите стопанственици, почитичари и државници да се вклучат во борбата за Вардар, нека размислат малку сите каков бренд имаме и во каква состојба е, јас стојам на располагање на секој оној дали како поединец или како државна институција сака да помогне, или да го превземе финансирањето и раководењето на Вардар, до тогаш продолжуваме со преговорите со новиот спонзор, за кој сметам дека ќе биде решение на долги стази за Вардар. Вардар ќе живее!!!“’, стои во соопштението на сопственикот на Вардар испратено до редакцијата на Телма.  
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Ентони Блинкен до Си Џипинг: Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе