Филмови

ИСТА КРВ – петок, 24 март 2023 – 22:15

Социјална драма за љубовта на мајката кон нејзината ќерка и љубовта на тетката кон нејзиниот внук и колку се подготвени да се жртвуваат за да ги спасат.

Марсија е самохрана мајка на две деца, работи како готвачка и го дели својот дом во Баиро Падре Круз, населба на градскиот совет во Карниде, на периферијата на Лисабон, со нејзината сестра Ивете, фризерка во трговски центар. Двете сестри ги одгледаа децата на Марсија. Ивет ги сака како да се нејзини. Тоа се Клаудија, која учи за медицинска сестра, а патем работи како касиерка во супермаркет и Јоца, кој е ситен деликвент. Еден ден, две трагедии ќе го потресат животот на семејството Фиалхо: Јоца е фатен кога се обидел да го измами дилерот, а Клаудија ја запознава мајка си со нејзиното ново момче, нејзиниот професор кој е оженет и многу постар. Кога Марсија го запознава, прогонувана од трагедија која сака да ја чува во тајност, таа сфаќа дека ќе мора да направи сè за да ја прекине врската. Во исто време, Ивет се обидува да го реши проблемот  на нејзиниот внук со директна интервенција кај дилерот на дрога. Марсија и Ивете се подготвуваат за најлошото, но нивната безусловна љубов е способна за сè.

Филмот е дел од ексклузивната програма на КИНЕНОВА – БОИТЕ НА ПОРТУГАЛИЈА, која е фокусирана на португалската кинематографија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ПАДОТ НА МЕСЕЧИНАТА -недела, 05 јули 2026 – 24:00

Дејан Дејан

КРИСТИНА – недела, 05 јули 2026 – 22:15

Дејан Дејан

ЛУСИ – ГАНГСТЕРКАТА – недела, 05 јули 2026 – 10:45

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе