Вести Македонија Топ вести

ФОТО/ВИДЕО: Ахмети и Курти на кафе во Охрид пред дијалогот со Вучиќ

Косовскиот премиер Албин Курти на кафе средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети во Охрид каде за денеска е планирана нова средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и Курти во рамки на дијалогот Белград-Приштина.

На средбата присуствува и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој е и партиски портпарол.

На снимката на екипата на ТВ Телма се гледа дека Ахмети речиси цело време му објаснува нешто на косовскиот премиер кој слуша и повремено се вклушува во разговорот.

Средбите од дијалогот треба да почнат во 10 часот, европските претставници, високиот претставник за надворешни работи Жосеп Борел и ЕУ претставникот за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослва Лајчак првин ќе имаат одвоени средби со Вучиќ и Курти, а потоа ќе се организира заедничка средба.

Процесот има американска поддршка, а во Охрид на средбите ќе присуствува и специјалниот пратеник за Западен Балкан на САД Габриел Ескобар.

Целта на дијалогот е нормализација на односите меѓу Белград (Србија) и Косово (Приштина) согласно документот подготвен од Европската Унија.

Од Охрид за Телма известуваат, Миомир Серафиновиќ, новинар и Фахрудин Смаилагиќ, снимател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе