Спорт Фудбал

Фудбалерите на Манчестер Сити проценети на 1,5 милијарди евра

Институтот за фудбалски истражувања ја објави листата на клубови кои според цената на пазарот имаат највреден состав.

Манчестер Сити под договор во моментов има вкупно 46 фудбалери кои според моменталната цена на пазарот вкупно вредат 1,46 милијарди евра.

Веднаш зад првакот на Англија е Барселона која располага со 40 играчи, а нивната вредност е процената милијарда и триста илјади евра.

Трет на листата е Реал Мадрид кој има 46 фудбалери, а тие се проценети на сума 1,12 милијарди. Нешто преку милијарда евра се ценат играчите на Арсенал и Челзи. Топчиите во моментов под договор имаат 47 додека клубот од Стемфорд бриџ е рекордер во оваа категорија со вкупно 51 фудбалер.

Зад водечката петорка е Ливерпул со вредност на ростерот од 943 милиони, а на шестата позиција се наоѓа Баерн со сума од 929 милиони евра.

Меѓу десетте тима кои имаат најголема проценета вредност на играчите се уште Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, Лајпциг и Тотенхем.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе