Спорт Фудбал

Чурлинов: Фаворитската улога против Малта треба да ја докажеме на терен

Откако поради повреда ги пропушти последните натпревари на националниот тим, Дарко Чурлинов се враќа во репрезентацијата. Проблемите со повредата се минато и тој е подготвен да им се приклучи на колегите на почетокот од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство.

“Навистина се радувам и среќен сум што по подолго време повторно ќе бидам дел од македонската репрезентација. Изминатите месеци поради повредата на мускулот беа тешки за мене, но сега повторно сум во натпреварувачка форма и се разбира дека тоа сакам да го пренесам на репрезентативните предизвици кои ни следуваат”, изјави Чурлинов.

Првиот противник е репрезентацијата на Малта, која на хартија има статус на аутсајдер, но сигурно дека првиот дуел во Скопје ќе биде огромен предизвик за фудбалерите.

“За нас, почетокот на квалификациите е многу важен. Фаворити сме против Малта, но тоа треба да го покажеме на терен. Имаме сила, веруваме во себе и така ќе се поставиме. Ќе се обидеме да го пренесеме на терен тоа што од нас го бара селекторот. Некогаш резултатите се добри, некогаш не, но целта е што подобро да ја претставиме Македонија и да постигнеме најдобар можен резултат. Ќе дадеме се од себе во овие квалификации и верувам дека можеме да направиме голема работа”, заврши македонскиот репрезентативец во изјавата за ФФМ.

Натпреварот со Малта се игра на 23 овој месец во Скопје, а четири дена подоцна не очекува контролен натпревар со селекцијата на Фарски Острови.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе