Кошарка Спорт

Продолжува агонијата на шампионот Голден Стејт на гостински терен (ВИДЕО)

Продолжува очајната игра на Голден Стејт на гостински паркет сезонава откако утринава загуби кај Мемфис со 131-110. Актуелниот шампион има само седум победи во гости и 26 порази. Гризлис трет натпревар се без првата ѕвезда Џа Морант, кој е суспендиран, па Тајус Џонс беше најдобар со 22 поени и 11 асистенции, Џарен Џексон Јуниор имаше 21 поен, како и Дезмонд Бејн. Кај Голден Стејт најмногу се истакна Стеф Кари со 29 поени.

Милвоки ја запиша 19-тата победа на последните 20 натпревари откако го совлада Бруклин со 118-113. Бакс беа без Јанис Адетокумпо, кој е болен, но затоа тука беше Брук Лопез кој го водеше тимот со 24 поени, 10 скока и дури 9 блокади, додека Боби Портис имаше 28 поени и 13 скока. Пети Милс со 23 поени беше најдобар кај Нетс.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Детроит – Шарлот 103-113
Индијана – Хјустон 134-125 (пп)
Орландо – Јута 124-131
Сакраменто – Њујорк 122-117

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе