Спорт Фудбал

Керик го менува Мојс на клупата на Вест Хем

Мајкл Керик е пик број 1 на челниците на Вест Хем да го замени Дејвид Мојс на менаџерската позиција. „Чеканите“ сезонава играат далеку под очекуваното ниво и се во битка за опстанок во Премиерлигата наместо да се борат за излез во Европа.

Клубот моментално е на 16.место, па затоа раководните луѓе планираат на лето да го доведат Керик на клупата, кој прави чуда со Мидлсборо во Чемпионшип дивизијата. Тој го презема клубот додека беше на 21.месот на табелата и сега е на третото и е во игра за пласман во Премиерлигата.

Керик е поранешн фудбалер на Вест Хем, каде ја почна професионалната кариера пред да се пресели во Тотнем и Манчестер јунајтед, клуб во кој работеше како помошник менаџер на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солшер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе