Спорт Фудбал

УЕФА ќе им ги врати парите на навивачите на Ливерпул

Европската фудбалска федерација донесе одлука да им ги рефундира парите на навивачите на Ливерпул кои купија влезници за финалето од Лигата на шампионите кое минатата година се одигра во Париз.

Одлуката за враќање на финансиските средства доаѓа по извештајот на независната комисија која како главни виновници за хаосот што настана пред почетокот на финалето кое доцнеше 36 минути ги посочи токму УЕФА и француските власти.

“Ги земавме в предвид големиот број на информации кои се јавно или приватно објавени и сметаме дека нашата одлука е праведна. Изработивме шема според која парите ќе им бидат вратени на сите оние кои имаа проблеми при влегувањето на трибините”, изјави генералниот секретар на УЕФА, Теодор Теодоридис.

Според планот рефундирани ќе бидат парите за влезниците кои се купени за влезовите A, B, C, X, Y и Z каде беа пријавени најголемите инциденти, а тоа се сектори каде влегуваа навивачите на Ливерпул.

Во контингентот за поддржувачите на клубот од Енфилд имаше 19.618 влезници кои се продаваа по цена од 62 до 610 фунти.

Право да си ги добијат парите од влезниците имаат сите гледачи кои поради проблемите не влегле на стадионот пред 21 часот или воопшто немале можност да го следат финалниот дуел меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе