Вести Култура

Промоција на книгата „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска – Анѓелков

Со видео-посвета на скопскиот прозен хроничар, писателот Благоја Иванов, кој неодамна не’ напушти започна промоцијата на новото прозно дело „Луѓето, а не градот“ на Снежана Младеновска Анѓелков во издание на ИЛИ – ИЛИ. Дело посветено на старо Скопје, градот кој веќе го нема, но кој сепак и понатаму живее во сеќавањата на неговите жители.

Книгата е еден вид на „Музеј на сеќавањата“, скопски маала кои постоеле и веќе ги нема, кои постоеле и сè уште постојат, некои останале само во сеќавањата на нивните жители. Кои се нештата кои ќе останат секогаш мапирани во тој „Музеј на сеќавањата“ ?

За нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ Младеновска- Анѓелков ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, и истиот потоа доживеа уште две изданија. Вториот роман „Молчи со отворена уста“ беше финалист за истата награда.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фирмата заради која Богоев заврши во притвор и годинава добила тендер од Царинската управа вреден 420 илјади евра

Igor Trajkov

Над 250 милиони евра должи ЕСМ на домашни и странски банки

Дејан Дејан

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно – Временска прогноза за 8.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе