На три месеци пред завршувањето на сезоната првиот човек на мадридски Реал, Флорентино Перез се подготвува за реконструкција на тимот и се најавува засилена активност во текот на летниот преоден рок.
Во моментов постои листа на која се наоѓаат шест фудбалери кои ќе добијат дозвола да ја сменат средината, а прв на неа е едно најскапите засилувања во клупската историја, Еден Азар.
Покрај репрезентативецот на Белгија за кој при трансферот од Челзи беа платени 115 милиони евра се наоѓаат Хезус Ваљехо, Маријано Дијаз, Андреј Лунин и Алваро Одроизола како и Марко Асенскио, кој на крајот од шампионатот ќе има статус на слободен играч.
Во меѓувреме почнати се преговорите за продолжување на соработката со Винисиус Жуниор, а се очекува да се понудат и нови договори со Родриго, Едуардо Камавинга и Орелан Чуамени.
Како дел од планот за реновирање на екипата се потенцира и фактот дека во текот на летото се предвидуваат и неколку засилувања.
Приоритет е ангажирање на напаѓач, а како приоритет е трансферот на Килијан Мбапе, но се предвидуваат и нови имиња во скоро секоја од линиите во екипата.
ФОТО: Игор Паневски
