Спорт Фудбал

Барселона ќе пазари од Манчестер Сити

И покрај најавите на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас дека Барселона поради лошата финансиска ситуација не може да регистрира нови фудбалери, Каталонците на големо се подготвуваат за активностите во летниот преоден рок.

Како и во некои претходни трансфер периоди клубот од Ноу Камп посакува во своите редови да доведе дури тројца фудбалери на Манчестер Сити.

Сепак за да ги исполните желбите на тренерот Чави потребно е да се издвои и пристоен буџет за исплата на обештетувањата.

Најефтина опција е Илкај Гундоган кој на крајот од сезоната е слободен играч и тој без да се плати ниту цент може да пристигне во Барселона.

Но, за следните двајца ќе треба да издвои троцифрена сума.

Каталонците сакаат дефанзивната линија да ја засилат со шпанскиот репрезентативец Ејмерик Лапорт кој со Сити има договор до 2025 година и откупна клаузула од 125 милиони евра додека вториот е Бернардо Силва кој исто така има обврска да остане во Сити уште две сезони и за него се бара обештетување од 180 милиони, но се очекува и за двајцата сумата да биде преполовена.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Дејан Дејан

Најголемиот тест сезонава за МЗТ: Во „Јане Сандански“ гостува Спартак Суботица

Дејан Дејан

Далас води против Клиперс, Феникс близу да добие „метла“ од Минесота (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе