Спорт Фудбал

Силекс и Македонија ЃП убедливо до бодовите

Фудбалерите на Силекс и Македонија ЃП забележаа убедливи победи додека на дуелот во Штип мрежите мируваа на двете страни.

Силекс триумфираше на гостувањето во Прилеп, совладувајќи ја Победа со 4:1 и остана во трката за влез меѓу трите најдобри во шампионатот.

Серијата голови за Кратовци ја отвори Стефан Милосављевиќ уште во деветтата минута. По 20 минути игра во второто полувреме Василије Делибашиќ израмни на 1:1, а три минути подоцна Александар Катаниќ му носи предност на Силекс од 2:1 по прецизни изведен удар од 11 метри.

Истиот играч во 72-та зголеми на 3:1, а на 10 минути пред крајот Катаниќ повторно се запиша во листата на стрелците за конечни 4:1 за Силекс.

Македонија ЃП на домашен терен триумфираше над Тиквеш со 3:0. Домаќинот поведе со автоголот на Данаил Тасев по ударот на Арбен Воша веќе по само две минути од почетокот на натпреварот.

Во 76-тата Филип Мишевски реализираше пенал за водство на Македонија ЃП од 2:0, а во претпоследната минута од средбата Емир Скендери се запиша во листата на стрелците поситгнувајќи го третиот гол за домашните.

Во последниот дуел од денешната програма Брегалница во Штип играше без голови во дуелот против Шкендија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе