Спорт Фудбал

Македонија ЃП го пречекува Тиквеш, Шкендија гостува во Штип

Попладнево ќе се комплетира 21-то коло во домашниот фудбалски шампионат, а на програмата се три натпревари.

На стадионот во Ѓорче Петров, Македонија ЃП го пречекува Тиквеш и ќе се обиде да ја забележи првата победа во вториот дел од сезоната.

Шкендија и гостува на Брегалница која има низа од три натпревари без да ја почувствува горчината на поразот. За Штипјани ова е можност да се продолжи низата и со евентуална победа да се вклучи во трката за пласман во европските клупски натпреварувања додека Тетовци со нови три бода би останале во трката за шампионскиот трофеј.

Во последниот дуел во Прилеп, Победа го пречекува Силекс кој исто така атакува на место меѓу трите најдобри во домашното првенство додека домаќинот, кој во шампионатот нема победа од октомври минатата година води грчевита битка за избегнување на претпоследната позиција.

Вчера во Велес, Работнички го совлада Скопје со 4:0 додека Шкупи и Академија Пандев играа без победник 3:3.

Сите натпревари почнуваат во 14 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе