Фудбалерите на Академија Пандев со голот на Димитар Трајков во првата минута од судиското надополнување успеа да освои бод во дуелот против шампионот Шкупи, кој повторно пропушти шанса да избие на првата позиција на табелата.
Шкупи поведе со погодокот на Реналдо Цефас во 12-тата минута. Во 27-та Ване Крстевски успеа да израмни на 1:1, а девет минути подоцна Агрон Руфати му носи предност на гостинот од 2:1.
Само шеесетина секунди подоцна Мамаду Данфа израмни на 2:1, а актуелниот првак во четвртата минута од судиското надополнување во првото полувреме преку Валид Хамиди стигна до водство од 3:2.
Работнички реши да биде домаќин во дуелот со Скопје во Велес и успеа да триумфира со 4:0. Серијата погодоци ја отвори Крсте Велкоски во седмата минута. Истиот играч по шест минути игра во вториот дел зголеми на 2:0, а поранешниот репрезентативец на Македонија комплетираше хет-трик со голот во 67-та минута.
Конечните 4:0 во дуелот против градскиот ривал ги постави Аиме Гандо во претпоследната минута од натпреварот.
ФОТО: Игор Паневски
