Култура

Дела од Петар Лубарда ќе бидат изложени во МСУ

Започнувајќи од утре, па до крајот на март, Музејот на современа уметност за јавноста ќе изложи дела од еден од најистакнатите југословенски сликари од втората половина на минатиот (20) век, Петар Лубарда.

На изложбата ќе бидат прикажани дела од колекцијата на МСУ, од кои Лубарда директно подарил 26 на музејот, по катастрофалниот скопски земјотрес 1963 година. Се работи за вкупно 40 слики работени во техниката масло на платно и лесонит, два акварели и 10 цртежи низ кои е доловен еден период од уметниковата работа во траење од 25 години.

Изложбата е организирана годинава кога се навршуваат шест децении од скопскиот земјотрес и ја претставува заедничката соработка на министерствата за култура на Македонија и Црна Гора, од каде потекнува Петар Лубарда, амбасадата на Црна Гора и МСУ, а е под покровителство на претседателот Пендаровски. Куратори се Благоја Варошанец и Владимир Јанчевски, а  соработници се конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска.

  • Приврзаноста на Лубарда за специфичниот црногорски пејсаж и љубовта кон старата култура, кон судбоносните и историските теми, може да се проследат преку неговите дела од колекцијата на МСУ. Она што е особено значајно во неговиот уметнички израз е неговото драматично чувство за светот како целина во корелација со географските, социјалните, политичките и културните слоеви на местото на потекло, како и неговата епска ширина, неговата глобална визија и уметноста на спојување на националното и универзалното. Неговиот фигуративно-асоцијативен експресионизам е исполнет со медитерански импулси преточен во подеднакво рудиментирани, интензивно обоени апстракции. Лубарда на впечатлив начин ги вклучува локалните теми и мотиви и ги трансформира низ формалната игра со визуелните елементи, вградувајќи ги во стремежот за универзалното“, велат кураторите на изложбата.

Покрај уметничките творби, на изложбата ќе бидат прикажани и архивски материјали од изложби и донации на Петар Лубарда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе