Хрватскиот репрезентативец Марцело Брозовиќ на крајот од сезонава најверојатно ќе си замине од Интер, а за него во моментов интерес покажуваат три клуба.
Челзи, Барселона и Реал Мадрид во следниов период се подготвуваат да почнат преговори за евентуално комплетирање на трансферот на 30-годишниот фудбалер од средниот ред.
Хрватот со Интер има договор до 2026 година и токму откупната клаузула од 95 милиони евра е најголемиот проблем за сите заинтересирани екипи.
Според медиумите во Италија голема е веројатноста од трката да се повлече Челзи кој веќе има премногу фудбалери на позицијата на која настапува Брозовиќ и се очекува битката да се води меѓу вечните ривали во Шпанија.
ФОТО: Игор Паневски
